ВМРО-ДПМНЕ се огласи за „Таргет – Тврдина“: СДСМ и ДУИ го клекнаа правосудството на колена

Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE

За сите постапувања на судот и обвинителството одговори треба да се побараат во судството и владата на Ковачевски и неговите сопартијци кои градеа кариери на овој случај како и од Ахмети и ДУИ кои се активни партиципиенти во истата влада и ја споделуваат одговорноста за корумпираното судство, велат од ВМРО-ДПМНЕ за одликата на Апелација за случајот „Таргет-Тврдина“.

-Едно е сигурно и очигледно во Македонија, а тоа е дека клиентелизмот, корумпираното судство и обвинителство преполно со кадрите на ДУИ и СДС, за што можевме да се увериме и во претходниот период со последните кадровски решенија во ОЈО, Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, каде од партиски штабови седнуваат во професионални институции, говори за тоа дека правосудниот систем во државата е клекнат на колена- велат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во Македонија нема случај каде победила правдата до крај, а вистината е дека правосудниот апарат се користи за политичка пресметка и заштита на политички интереси на власта.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот