ВМРО-ДПМНЕ реагираат на интервјуто на Спасовски: Бараат да каже зошто не распишал централна објава по возилото на Панче

Фото: Архива на „Слободен печат“

Оливер Спасовски наместо да се оградува од постапката за убиствата на Панче и Вања, треба да одговори зошто МВР не презела акција за пронаоѓање на возилото на Панче, истиот ден кога добиле пријава дека е исчезнато, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на Министерот за внатрешни работи на Канал 5.

Спасовски не кажа зошто МВР три дена не реагира и дозволило возилото на убиениот Панче со кое е киднапирана Вања да се движи низ Скопје. Спасовски треба да се соочи со фактот дека МВР можела да го пронајде возилото на убиениот Панче уште на 24-ти ноември, кога за прв пат истото влегло во Скопје, а е регистрирано од системот „Безбеден град“, порачаа од опозициската партија.

Во реакцијата се бара Спасовски да понесе одговорност, бидејќи според нив, доколку Спасовски уште на 24-ти распишел централна објава по возилото тоа ќе било пронајдено и исклучено од сообраќај, убијците на Панче фатени, а до убиството на Вања воопшто немало да дојде.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот