ВМРО-ДПМНЕ почнува акција за зачленување на нови членови

Ѓорѓија Сајкоски

ВМРО-ДПМНЕ од 20 март до 20 април почнува акција за приклучување и зачленување на нови членови. Зачленувањето ќе се врши во општинските комитети кои ќе бидат отворени од 17 до 20 часот секој работен ден, информира на Фејсбук Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ е најголемото политичко семејство каде се запазуваат нашите традиционални вредности, каде на прво место е солидарноста, грижата за татковината и борба против сите ретроградни сили.ВМРО-ДПМНЕ на тој план секогаш била пионер и зачетник на големите промени во општеството, од почетокот на нејзиното создавање на нашата држава до денес. Нашата борба е возможна доколку секој еден од вас го даде својот придонес. ВМРО ги отвора вратите за младите, способните, образованите, искусните, работливите, чесните и оние кои заедно со нас сакаат да создаваат иднина. Иднината е наша заедничка, пишува Сајкоски.

Тој ги повика граѓаните да се приклучат.

Биди дел од промените кои ја носат македонската пролет, кои се дел од новата визија, од Македонија не само каква ја сакате, туку и каква ја заслужувате. Приклучи се затоа што сакаш да бидеш дел од промените во нашата земја. Приклучи се затоа што Македонија има потреба од твоето знаење и капацитет, и нам ни требаат големи чекори напред, а не мали промени. Приклучи се затоа што можеш да ги менуваш работите и создаваш иднина, напиша Сајкоски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот