ВМРО-ДПМНЕ: Мепсо тоне во долгови, а троши 125 илјади евра за авио билети

Горан Николов, член на ВМРО-ДПМНЕ
Горан Николов член на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика/ Фото VMRO-DPMNE

Иако тоне во долгови, раководството на МЕПСО во август потпишале договор за набавка на авионски билети за европски и далечни дестинации во износ од 125.000 евра, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Во август се потпишува договор за авио билети, кога е јасно дека криза галопира во Македонија. Се троши на авио билети иако 2020-та година во МЕПСО се акумулирани загуби од 6 милиони евра. За да биде појасно, преносот на електрична енергија е регулирана дејност. Тоа значи дека ако компанијата се менаџира домаќински, не смее и не може да има загуби“ изјави Горан Николов, член на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.

Ова покажува дека во МЕПСО, компанија каде со години владее превработеност, непотизам и нестручност, не им е важно што народот едвај врзува крај со крај, не им е важно што во секој момент се очекува зголемување на цената на струјата. Најважно од сé е вработените на МЕПСО да може да патуваат. И тоа на грбот на македонскиот граѓанин, вели Николов. Опозициската партија побара одговорност за овие обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот