ВМРО-ДПМНЕ: Костадиновска-Стојчевска да се извини и да поднесе оставка за изнесените лаги во врска со Вевчанскиот карневал

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска е фатена во лага оти Општина Вевчани не поднела целосна документација за покровителство на Министерството за култура на Вевчанскиот карневал.

-Срамно е Костадиновска Стојчевска како прв човек во Министерството да не знае или да не е информирана, а да излегува во јавноста со лаги и манипулации. Имено целосната апликација од општина Вевчани до Министерството е испратена на 11.11.2022 години, додека трае Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа за заштита на културно наследство за 2023 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Додаваат дека Општината оваа и минатата година се одбиени од Министерството за финансиски средства на карневалот.

-Иако овој карневал е во постапка за конечно да влезе на листата на културно нематеријално наследство сепак од владата на СДС и ДУИ и оваа година решија да не го поддржат. Иако изминатите години, секоја година ова министерство одвојувало значителна сума од Буџетот за организација на Карневалот. И покрај тоа што Костадиновска Стојчевска го опструира карневалот, и таа не се појави изминатите денови во Вевчани, сепак општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, заедно со покровители и љубители на карневалот успеа да го реализира овој настан.

Побараа од министерката Костадиновска-Стојчевска да се извини на Општината и на јавноста за, како што велат „изнесените лаги“, но и за игнорантскиот однос и побараа оставка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот