Владеењето на Ана Винтур: Доколку излезе незадоволна од ревија, таа колекција е „осудена на пропаст“
Ана Винтур е позната како жена која владее со модниот свет, а нејзините стајлинзи ги поставуваат стандардите. Долгогодишна главна уредничка на најпрестижниот моден магазин Вог и жена која неприсновено владее со светот на модата веќе неколку децении.
View this post on Instagram
Страв и трепет за сите модни креатори, на чии ревии таа седи во првиот ред, секогаш со црни очила за сонце. Затоа велат дека ако Ана излезе незадоволна од ревијата, таа е однапред осудена на пропаст. Но, ако и се допаѓа и го носи моделот од тоа шоу во јавноста, бидете убедени дека скоро секоја славна дама наскоро ќе го има тоа модно парче во гардероберот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Според упатените, таа ја градела својата кариера како моден уредник, но и како модна икона , внимателно и не бирајќи средства. За Ана се тврди дека е немилосрден професионалец и секогаш знае што сака. Така е и кога е во прашање нејзиниот личен стил.
View this post on Instagram
Секако, Ана има привилегија што во нејзиниот гардеребер може да се најдат најексклузивните парчиња облека, чанти, чевли, додатоци на најеминентните модни куќи, веднаш од модните писти.
View this post on Instagram
Сепак, Ана не го изгради својот стил преку ноќ, таа отсекогаш била некој што се истакнувал со свој личен печат: И покрај тоа што неуморно ги следи модните трендови таа никогаш не го потчинил својот личен стил на кој било тренд.
View this post on Instagram
Ја гледавме низ годините во многу фасцинантни модни комбинации и издвоивме некои од нив, кои станаа вирални и беа најозборувани,