Владата на Србија со закон ќе ја штити и чува кирилицата

Владата на Србија го усвои Предлог -законот за употреба на јазиците во јавниот живот и заштита и зачувување на кирилицата, со кој се регулира употребата на српскиот јазик и мерките за заштита на кирилицата како мајчин јазик , соопшти српската влада.

„Овој Предлог -закон го дефинира воспоставувањето дополнителни мерки насочени кон негување на српскиот јазик и кирилицата, како и културните и традиционалните вредности и пошироката употреба на кирилицата во јавниот живот, со оглед на историското, културното и идентитетското значење на оваа азбука “, се наведува во соопштението.

Предлог -законот предвидува проширување на кругот на субјекти кои се должни да користат кирилско писмо, односно сите субјекти кои работат или вршат дејности со мнозински удел во јавниот капитал.

Пропишани се и стимулативни мерки насочени кон приватниот сектор, односно воспоставување даночни и други административни олеснувања за субјектите кои ќе одлучат да ја користат кирилицата во својата работа и деловно работење.

Исто така, предвидено е културните и другите настани, кои се финансирани или кофинансирани од јавни средства, да имаат лого напишано со кирилица, во согласност со прописите според кои се организираат.

Ќе се формира и посебен Владин совет за српскиот јазик, „кој ќе ја следи и анализира состојбата во областа на употребата на српскиот јазик во јавниот живот и спроведувањето на мерките за заштита и зачувување на кирилицата како мајчин јазик и спроведување на мерки препораки, и подобрување на состојбата со јазикот

Според соопштението, предлогот испратен на усвојување до Собранието на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот