Владата донесе одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на денешната седница донесе одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово кој ќе има капацитет од 300 легла.

Како што информира владината прес-служба, потребниот кадар, опрема и други услови за работа на новиот студентски дом во Тетово се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови.

„Целта на основањето на студентскиот дом во Тетово, според образложението од ресорното министерство, е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење“, наведува прес-службата на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот