Влада: Се постапува за целосно расчистување на случајот со опожарениот автомобил што го користел Груби

Артан Груби
Артан Груби / Фото: Facebook

Владата на Република Северна Македонија го осуди чинот на палење на возилото што го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби.

Во соопштението, од Владата посочуваат дека безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество, а палењето на возилото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности.

Сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок – додаваат од Влада.

По веста за опожареното ауди во скопски Чаир, кое дел од медиумите го поврзаа со првиот вицепремиер Артан Груби, а за кое тој самиот не демантираше дека го користел иако се води на име на друго лице, вчера се огласи и министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.

Османи и Бектеши со осуда за опожареното возило кое го возел Груби

Вицепремиерот Артан Груби вчера на Фејсбук објави статус во врска со опожареното возило што се поврзуваше со него, објаснувајќи преку извинување како стојат работите.

Им се извинувам на сите мои соседи во нашето маало за големата загриженост што ја доживеаја синоќа пред зградата во која живеам, од причините на мојата професија. Им се извинувам и на мојот пријател и на неговото семејство за штетата предизвикана исклучиво поради мојата професија.Во политиката сум за да служам и оставам траги со работа и дела, а не да ги тероризирам семејството, соседите и општеството. Континуираните закани и последователните напади ги сметам за кукавичлук и подмолно, но немам намера да се откажам и да се повлечам од работата и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.

„Кукавици“- порака од Груби по инцидентот со запалениот автомобил

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека има пријава за опожарено возило од Скопје, но на име на Б.Л.

Околу 03:30 часот пријавено е дека на ул.„Струмичка” настанал пожар во патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л. (35) од Скопје, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот