Вклучувањето на уличните светилки се врши реонски, но сите улици ќе бидат осветлени, тврдат од Карпош

Фото: Слободен печат/ Анета Стојковска

Десетина дена откако советниците на седница на Советот на Општина Карпош изгласаа дека повеќе нема да има темни улици низ населбите и донесоа одлука, по година и пол штедење, конечно да се укинат рестрикциите на уличното осветлување, поголемиот дел од улиците во општинска надлежност и понатаму се темни.

Граѓаните реагираат и се сомневаат дека градоначалникот Стевче Јакимовски не ја прифатил одлуката на Советот, па тие и понатаму ќе треба да се движат по уличките осветлувајќи пред себе со мобилни телефони, внимавајќи на уличните кучиња и стравувајќи дали нивните автомобили ќе бидат мета на крадците, на кои им одговара темницата.

Од Општина Карпош тврдат дека граѓаните не треба да се грижат, улиците ќе бидат осветлени, но дека постапката за повторно приклучување не може да се изведе одеднаш на сите улици.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ја потпиша одлуката на Советот на Општина Карпош за прекинување на рестрикциите на уличното осветлување. Екипите на општината веќе се на терен каде што вршат приклучување на исклучените светилки. Повторното приклучување се врши реонски, поради што ќе биде потребно извесен период за целосно вклучување на сите исклучени светилки – велат од Карпош за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот