„Виз Ер“ воведува нова авиолинија Скопје-Салцбург

Фото: Архива на СП

Авиокомпанијата „Виз Ер“ од април 2024 година воведува авиолинија на релацијата Скопје-Салцбург, која ќе сообраќа трипати неделно.

Скопје – Салцбург е дел од четирите нови линии за кои Виз Ер претходно склучи договор за субвенции од Владата. Досега е воспоставена линијата со Љубљана која стартуваше во септември годинава, а од следниот месец кон Луксембург, додека кон Штутгарт треба дополнително да се закажат.

„Виз Ер“ претходно сообраќаше меѓу Скопје и Салцбург, во 2020 година за време на ковид пандемијата, но беа прекинати откако Австрија забрани влез од голем број земји на Балканот.

Според Договорот, државата има обврска да исплаќа субвенции од седум евра по патник во заминување, а Виз Ер треба да ги испорача првите фактури за досегашните летови. Договор за субвенции е потпишан и со Луфтханза која се согласи да оперира на авиолинијата Скопје – Франкфурт без надомест.

На „Меѓународен аеродром Скопје“ со зимскиот ред на летање ќе се одржува воздушен сообраќај на 39 линии, а четири на аеродромот „Св. Апостол Павле-Охрид“

Во периодот јануари-септември годинава има пораст од 30 проценти на бројот на превезени патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во однос на 2022 година, а кај летовите порастот изнесува 19 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот