Вистинско чудо: Лекари вратија во живот премрзната жена, чие срце не чукаше шест и пол часа(ВИДЕО)

Жена во Шпанија е вратена во живот, откако срцето не и чукало скоро шест и пол часа, а телесната температура и спаднала на 20.2 степени.

Она што е чудно, е фактот што кога се разбудила немала ниту едно невролошко оштетување на мозокот.

Весникот La Vanguardia, пишува дека Аудреј Мап, на трети ноември излегла на прошетка со својот сопруг, во близина на градот Нурија, северо-источно од земјата, но не можеле да се вратат поради обилните врнежи од снег.

Нејзиното тело смрзнало од студот. 34- годишната жена, после три часа била одведена во болница. Се претпоставувало дека е мртва, бидејќи нејзината телесна температура спаднала на 20.2 степени и срцето не и чукало шест и пол часа.

Таа се спасила после интервенцијата на двајца врвни лекари. Мап е пуштена од болница после 11 дена, без некои посериозни проблеми.

Таа е наставнича по англиски јазик, и заедно со сопругот од 2007 живеат во Барселона. Вели дека не помни што се случило со неа на трети ноември и е благодарна на лекарите кои ја вратиле во живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот