Profimedia

Вилијам и Кејт не присуствуваа на традиционалниот предбожикен ручек во палатата на кралот Чарлс

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон оваа година не присуствуваа на традиционалниот предбожикен ручек во  Бакингемската палата на кралот Чарлс, каде секоја година се собра целото пошироко семејство, пишува „Дејли мејл“.

Причината за нивното отсуството не е позната, а Вилијам и Кејт ќе ги поминат празниците со своите деца во нивниот дом – палатата Сандрингам.

Според странските медиуми, дури ни принцот Ендру, помладиот брат на кралот Чарлс, не присуствувал на семејната вечера и покрај тоа што наводно бил поканет. Британски Експрес претходно напиша дека кралот го поканил и покрај нивната кавга.

„Упатените велат дека кралот е категоричен за одржување на семејното единство, особено за време на божиќната сезона“.

Потсетуваме, како и секоја година, неколку дена пред Божиќ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавија традиционална божиќна честитка.

На видеото на кое паѓаат снегулки има нивна семејна фотографија  и честитка за среќен Божиќ и Нова година.

 

ФОТО | Војвотката од Кембриџ во патики од 6.000 денари: Удобност пред сè за Кејт Мидлтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот