Викендов нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

Дождливо време, жена со чадор / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Од пладневните часови особено во северните и источните делови ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Како што информира УХМР, во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд проследен со грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.

Викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено утре ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

В недела и понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот