ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Мухамед: Средношколците од внатрешноста на покомплициран начин аплицираат за финансиска помош од државата

Берин Мухамед, претседател на Сојуз на средношколци / фото: Слободен печат

Средношколците наскоро треба да добијат крупни реформи во образованието, доколу Собранието го прифати новиот Предлог-закон за средношколци.

Законот за средношколци кој сè уште се користи е многу стар, постои од 1996 година, а новите генерации имаат други принципи и барања, рече Берин Мухамед, претседател на Сојуз на средношколци, за „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

-За стручната матура, што е новитет, беше основана работна група од Државниот испитен центар. Проблемот беше во тоа што не беа среќни сите ученици. Учениците од средните стручни училишта кои учат по поинаква програма, на крајот полагаа иста матура како и учениците од општите гимназии. Тие бараа да се подготви поинаква матура за нив, се радуваме што овој предлог беше прифатен од Владата – вели Мухамед.

Матурантите оваа година имаат полесен пат до полагање на државната матурата.

-Прашањата подготвени од Државниот испитен центар, се комбинација од прашањата од претходните години, околу 500 за мајчин јазик и околу 450 за вториот екстерен испит. Сите прашања со одговори им се веќе достапни на матурантите, така што имаат неколку месеци за да се подготват. Оваа година олеснително е и тоа што учениците што ќе одберат математика ќе ги имаат и формулите пред себе – рече Маухамед.

Средношколците се дел од деветтиот пакет за антикризни мерки од владата. Сите семејства кои имаат примања под 50.000 денари можат да аплицираат за финансиска помош. Доколку ученикот ги исполнува условите пет месеци ќе добива по 1.800 денари, помош од државата.

-Ја поддржуваме оваа иницијатива, но сметам дека уште подобро би било ако се даде финансиска поддршка и за учениците одличните ученици, со цел да се поттикне една мотивација. Во некои средни училишта тоа оди одлично, брзо и ефикасно. Учениците документите за тоа дека ги исполнуваат условите за финансиска помош првично ги доставуваат до класниот раководител. Училиштето претходно одредува еден или двајца наставници кои се задолжени да ги соберат сите документи и потоа ги доставуваат до органите. Кај помалите градови има проблем бидејќи семејствата сами се организираат. Родителите заедно со децата треба да отидат и лично да ги достават документите до институциите. Тоа одзема многу време и енергија, дополнително рокот за аплицирање е краток, а се прават огромни редици за чекање, Мухамед апелира со сите училишта да се потрудат да се организираат подобро со цел секој да стигне на време.

Анисија Угриносвка , основач на ОДАС и Берин Мухамед, претседател на Сојуз на средношколци / фото: Слободен печат

Целиот разговор со нашите гости Анисија Угриновска и Берин Мухамед погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот