ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Игор Антов и Виктор Бучковски: Преку зборообразувањето до нови димензии на македонскиот јазик

Виктор Бучковски и Игор Антов/Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Зборообразувањето е начин на кој може креативно да се збогати еден јазик. Токму тоа го прават двајца современи Зборци, Игор Антов и Виктор Бучковски. Понесени од нивната љубов кон македонскиот јазик и неговата недокажана приказна, тие во вторник (02.04.2024) во 18 часот организираат панел дискусија во Музејот на македонска борба и самостојност токму на оваа тема.

„Настанот цели низ една панел дискусија да го третира прашањето на зборообразување, односно како да се збогати нашиот јазик“ објаснува Антов, кој е еден од организаторите на настанот.

Како што објаснија тие, преку дискусијата, ќе се разгледа дали постојат аспекти кои бараат освежување или модернизација на македонскиот јазик во согласност со современите теченија.

„Јазикот е жива материја, но колку ние ја практикуваме неговата живост? Ова е интересна тема каде што немора да зборуваме само за македонскиот јазик како јазик, туку и за новите зборови, кои се тие, какво влијание имаат тие врз македонскиот јазик“ објаснува Бучковски.

Целото интервју околу настанот и зборообразувањето може да го погледнете на видеото во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот