ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ангелов отфрла можност за соработка со евентуална нова влада на СДСМ

Стојанче Ангелов/Фото: Слободен печат/ Мете Здравев

Во Скопје во претпладневните часови некои граѓани објавија снимки каде што се гледа дека Универзалната сала е зафатена од пожар и според големината на чадот што се појави укажуваше на голем пожар. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, кој беше гостин во утринската емисија „Слободен печат“ рече дека тоа бара брза интервенција на службите за да биде локализиран и да не се шири и да не предизвика загрозување на животите и имотот на граѓаните.

Според директорот Ангелов, овој пожар предизвикува загрозување на стотина возила што се во непосредна близина на запалениот објект и затоа е потребно брзо да се интервенира од сите надлежни служби преку координирана акција.
Истовремено со пожарот во Скопје, како што информираше тој, бил запален шлепер во близина на бензинска пумпа во Велес и постоела опасност од сериозно предизвикување штета и загрозување човечки животи. Меѓутоа, благодарение на возачот и на други службени лица, пожарот брзо бил локализиран и опасноста отстранета.

Во разговорот Ангелов говореше и за политичките случувања во земјава пред изборите. На нешто повеќе од еден месец пред парламентарните избори како лидер на партијата Достоинство, Ангелов излезе од коалицијата што ја предводи СДСМ и влезе во коалицијата каде што најголема партија е ВМРО-ДПМНЕ. Ова според него, не претставува проблем. Притоа особено ги потенцира добрите колегијални односи и професионални релации со сите личности со кои соработувал.

– Исклучувам каква и да е можност за соработка по евентуално формирање влада предводена од СДСМ. Моето доаѓање како директор на ЦУК не е поради политички договор. Тогашниот премиер Зоран Заев побара од мене, поради моите професионални квалитети да вршам координација и командување и според моја процена за таа позиција имав повеќе од потребните квалификации што се бараат. Извршувањето на функцијата директор во ЦУК, како резултат на професионалните квалификации, не може да предизвика негирање на моето политичко ангажирање како лидер на партијата Достоинство – изјави Ангелов.

Целото интервју можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот