ВИДЕО+ФОТО | Жена открила дека е изневерувана по фотографијата што ѝ ја пратил кога наводно бил „сам дома“
26-годишната Кајла Пает, која живее во близина на Чикаго, стана вирална на „TikTok“ откако објавила фотографијата од апликацијата „Snapchat“ која ѝ ја испратил маж со кој била во романтичен однос.
Кајла брзо забележала нешто сомнително на фотографијата, врз основа на одраз на сјајна површина, ѝ делувало дека стои покрај друга жена.
„Добив слика од човекот со кој сум во однос“, напишала Кајла на почетокот на своето видео, кое е прегледано 840.000 пати. На сликата е прикажан шпорет со две токи на кој се готват мелено месо и паста.
@kayla_paethGots to do better my guy lmao ##fyp♬ what the fuck was that – hatecrimer666
Се чини дека човекот ја испратил фотографијата за да ѝ покаже на Кајла дека таа вечер ќе остане дома на вечера. „Хаха, не можев да јадам надвор уште една ноќ по ред“, ѝ напишал тој.
Но, иако тој всушност бил дома, тој не бил сам. Кајла зумирала на сјајната површина зад шпоретот, што ги отсликувала рацете на друго лице кое држи телефон. Испитувајќи ги рацете, на Кајла ѝ станало јасно дека тие не припаѓаат на мажот со кој се состанува, туку на друга жена.
Таа посочува дека на рацете има долги бели акрилни нокти, белезици на едниот зглоб, прстен и како што заклучила таа, „Аpple“ часовник во нијанса на розово злато.
„Мора да си подобар од ова“, напишала Кајла. Кога се соочила со мажот и прашала која е другата жена, тој се обидел да биде дипломат, велејќи: „требаше ти да си тука“.
Извор: „Daily“