ВИДЕО+ФОТО: Распукала Шар Планина од малите хидроцентрали, свлечишта, оштетени имоти, уништен екосистем

Фото: НП Шар Планина

Оштетени домови на шарпланинските села, ерозивни процеси кои предизвикале и големи штети на ниви, откорнати дрвја.

Ова се последиците од изградбата на малите хидроцентрали на Шар Планиниа. Од фотографиите и видеата подолу се гледаат големите штети нанесени врз природата од централите.

Штети од хидроцентралите врз Шара
Фото: НП Шар Шланина
Штети од хидроцентралите врз Шара
Фото: НП Шар Шланина

Големи штети имаат и мештаните од шарпланинското село Вешала. Испукани ѕидови, свлечишта на ниви.

Штети од хидроцентралите врз Шара
Фото: НП Шар Шланина
Штети од хидроцентралите врз Шара
Фото: НП Шар Шланина
Штети од хидроцентралите врз Шара
Фото: НП Шар Шланина
Штети од хидроцентралите врз Шара
Фото: НП Шар Шланина
Штети од хидроцентралите врз Шара
Фото: НП Шар Шланина

Од Националниот парк Шар Планина велат дека против хидроцентралите се и мештаните на Шара, здруженијата, невладините организации. Но, за тие хидроцентрали кои се веќе изградени не можеме ништо, борбата е да се раскинат концесиите за централте кои не се изградени, а им се продолжени роковите за градба во период кога Шар Планина веќе е прогласена за заштитено подрачје, велат од установата.

„Имаме побарано од Владата да се раскинат концесиите за хидроцентралите Пена 84 И Пена 85, тие се наоѓаат во активна зона и не е дозволена и трасата на тие хидрицентралите да оди паралелно со цефката од водоводниот систем . Тие се уште не започнеле со градежни активности, нешто мерат , значи тие ги немаат завршено и првичните активности за да отпочнат со работа. Таму има однесено некои цефки и тоа за нас е многу проблематично, тие се метални цефки, а тоа во природата не е дозволено. 2018 година се дадени дозволите за градење на тие две хидроцентрали и имале рок да ги изградат, но не ги изградиле. Ние и за другите хидроцентрали сме дале негативно мислење, но за хидроцентралите на Пена за двете хидрицентрали им се продолжил рокот за градба без да не прашаат како институција. Во Законот пишува дека по прогласување на Шара за Национален парк не треба да се гради. Имаме план за управување со Националниот парк каде јасно пишува дека таму не е дозволено градење на хидроцентрали, тоа го велат и меѓународните конвенции и локалното население и здруженијата, сите не притискаат и бараат да не дозволиме да се градат хидроцентралите и затоа бараме од Владата да ги раскине договорите на тие две хидроцентрали“, вели Ибрахим Дехари директор на Националниот парк Шар Планина.

Тоа што се гледа не терен е добар доказ да се раскинат концесиите, дополнува Дехари.

„Ние сме горе и гледаме дека во објектите во села Вешала има пукнатини на домовите, на нивите се појавува ерозија. Тоа што го гледаме на терен е добар доказ за да се раскинат овие договори. Ако продолжат да се градат хидроцентралите тоа е спротивно на законот за заштита на природата, а ние како институција сме тука да ја зачуваме природата, а последиците се многу големи. Од тоа што го гледаме од хидроцентралите кои се во функција, тие не го почитуваат и тоа што е  биолошки минимум на водата која треба да протекува и така се нарушува целиот екоситем“, вели Дехари.

Од Министерството за животна средина, велат дека постигнат е договор за раскинување на 8 концесии за хидроцентрали на Шара. Но, за хидроцентралите на Пена велат оттаму не се дадени нови дозволи, туку е продолжен рокот за изгхрадба.

„Продолжувањето на рокот за изградба е предвиден во случај кога концесионерот е спречен, не по своја вина да ги изврши потребните активности за изградба и пуштање во употреба на малите хидроелектрични централи, при што роковите се продолжуваат за онолку време за колку е утврдено застој кој не е предизвикан од концесионерот. Продолжувањето на рокот не е поврзано со претходно извршениот пренос на удели, туку со застои во постапките за решавање на имотно правни работи и во други постапки кои концесионерот мора да ги спроведе за да ги изгради и пушти во употреба централите, велат од Минисерството за животна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот