ВИДЕО | Зеленски се обрати до западот: Русија е во хаос, сега е време да ни испратите оружје

Фото: BBC/printscreen

Володимир Зеленски вечерва се обрати по повод настаните во Русија. Тој побара од западот оружје оти сега како што рече е вистински момент за тоа, со оглед на хаосот во Русија.

„За еден ден, тие изгубија неколку од нивните милионски градови и им покажаа на сите руски бандити, платеници, олигарси и на кој било друг колку е лесно да се заробат руските градови и, веројатно, арсеналите со оружје“, порача Зеленски.

Зеленски потоа испрати порака до руските власти: „Колку подолго ќе останат вашите војници во украинската земја, толку повеќе уништување ќе донесат за Русија. Колку подолго таа личност е во Кремљ, толку повеќе ќе има катастрофи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот