ВИДЕО: Заврши сезоната за Далас, Дончиќ го урна рекордот и на „кралот“ Џејмс!

Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Лос Анџелес клиперс оствари победи во решавачкиот седми натпревар од серијата против Далас маваерикс и така со вкупно 4:3 се пласираше во полуфиналето на Западот.

Мечот резултатски беше тесен до последните минути од третата четвртина, кога домаќинот во „Стејплс центар“ се одвои на поголема предност (100:85), која повеќе не ја испушташе до крајот на дуелот и конечни 126:111.

Со овој триумф Клиперси воедно станаа само шестата НБА екипа која ги загуби првите два меча од плеј-оф серијата на домашен терен, но на крајот се најде во следната рунда.

Во победничкиот состав се истакнаа Кавај Ленард со 28 поени и 10 скокови, потоа Маркус Морис додаде 23 поени, а Пол Џорџ со 22 поени и 10 асистенции.

За Далас уште една феноменална партија имаше Лука Дончиќ со 46 поени и 14 асистенции. Словенецот со овој учинок го урна и рекордот кој досега го држеше Леброн Џејмс. Тој стана најмладиот кошаркар откако се игра НБА кој во седмиот натпревар од доигрувањето постигнал 40 или повеќе поени. Тоа му успеа со 22 години и 98 дена. „Кралот“ Џејмс овој успех го направи со 23 години и 140 дена. Зад нив се Џамал Мареј, Оскар Робертсон и Ален Ајверсон.

Во конференциското полуфинале ЛА клиперс ќе се соочи со Јута џез, првопласираните од Западната конференција во лигашкиот дел од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот