ВИДЕО | Затворени гласачките места во Турција: Ергодан им делеше пари на гласачите, жена дојде со јагне на гласање

Фото: ERDEM SAHIN/EPA-EFE

Попладнево во Турција беа затворени гласачките места каде се гласаше на вториот круг од претседателските избори меѓу кандидатите, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдаролгу.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е фаворит во вториот круг од претседателските избори, рано излезе на гласање рано утринава Истанбул придружуван од неговата сопруга Емине изјави дека гласањето „ќе биде завршено брзо“.

Неговиот противкандидат, опозицискиот кандидат во вториот круг од претседателските избори во Турција, Кемал Киличдароглу, по гласањето во Анкара ги повика своите сограѓани „да гласаат за да се ослободат од авторитарниот режим“.

Турција нема излезни анкети, но се очекува првите резултати да бидат објавени за неколку часа по затворањето на гласачките места.

Сепак неформални излезни анкети покажуваат дека турскиот претседател води со 52,4 отсто, наспроти Килиндароглу 47,5 отсто.

Во Турција се забележани неколку инциденти на изборни нерегуларности, забележува мрежата Ал Џезира.

Меѓу другото, се вели дека имало и напади врз членови на изборни комисии и набљудувачи, а имало и случаи на гласачи да се појавуваат во избирачките списоци иако биле починати.

„Би сакал да се заблагодарам на секој од луѓето кои од раните утрински часови работеа со пожртвуваност на избирачките места. Ги повикувам сите мои браќа и сестри да ги заштитат гласачките места до финализирање на резултатите. Сега е време да ја заштитиме волјата на нашата нација до последен момент!“, е првата порака на турскиот претседател по затворањето на гласачките места која тој ја упати преку Твитер.

На социјалните мрежу се појави и видео од турскиот претседател као им дели пари на гласачите банкноти на избирачкото место каде гласаше денеска.

Денеска и вселенскиот патријарх Вартоломеј отиде во изборниот центар на регионот Фанарио и го искористи своето право на глас за време на вториот круг од претседателските избори, како и пред две недели.

Меѓу поинтересните вести од гласањето е и онаа дека возрасна жена на гласачко место се појавила со своето јагне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот