ВИДЕО | Забележано уникатно морско суштество кое личи на ангел

Фото: Принтскрин/ Твитер

Подводниот свет се состои од најинтересни и несекојдневни живи суштества, кои постојано не фасцинираат. Ова светлечко суштество кое лебди во морските широчини, како да е од друг свет, пишува „Ен 1 Словенија“.

Снимката од ова необично мало суштество изгледа како да се работи за некое чудо од друг свет или нешто што можеби е создадено од вештачка интелигенција. Но, не е баш така.

Фото: EPA/KIMIMASA MAYAMA

Видеото е снимено на нашата планета, а суштеството живее во длабочините на морињата. Со дијаметар од само три сантиметри, ова животинче припаѓа на пловечките морски полжави или морски пеперутки, кое живее во студените води на Северниот Океан и  на Атлантискиот Океан, а неговата животна средина се протега од површината на водата до длабочина од најмалку 500 метри.

На англиски се вика „sea angel“, што во буквален превод значи морски ангел, поради неговиот уникатен облик.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Сепак, ова суштество со латинско име „Clione limacina“, воопшто не е ангелско. Тоа е предатор кој се храни речиси исклучиво со други од својот род, како и други видови од родот на морските пеперутки.

Она што е интересно за него е што неговиот главен плен не е достапен во поголемиот дел од годината, па кога има дефицит, ова животинче гладува.

Фото: EPA/KIMIMASA MAYAMA

За време на гладувањето, всушност може да се намали на едвај една третина од својата нормална големина за да преживее.

Тоа е хермафродит, што значи дека има и машки и женски полови органи и може да живее до две години, освен ако, се разбира,  не стане храна за предаторите, кои се главно китови и некои видови риби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот