ВИДЕО: Вучиќ кажа кога ќе го признае Косово

Денес, претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги коментираше критиките упатени кон него од подппретседателката на Народната партија, др. Санда Рашковиќ – Ивиќ.

Вучиќ, за време на церемонијата по повод пуштањето во употреба на панорамската гондола на Златибор, рече дека такво нешто може да направи само во „трансцендентална медитација“.

„Што да одговорам? Вчера како да беше полна месечина, којзнае какво чудо беше! Може да се види дека сите беа во чудна состојба вчера, рече Вучиќ.

„Рашковиќ сега вели дека ќе го признаам Косово, но тоа нема да го направам вербално или писмено. Не знам како ќе го сторам тоа“, додаде претседателот.

Запрашан за истражувањето кое го објави Драган Џилас, претседателот на Српската демократска партија, во кое се тврди дека повеќе луѓе се против Вучиќ отколку против опозицијата, тој рече дека вчера бил чуден ден и дека можел да види и чуе секакви чуда.

Вучиќ постојано изјавува дека сè додека е претседател на Србија, тој нема да ја признае независноста на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот