ВИДЕО: Возач од Словенија не признава кружен тек, си продолжи право

Фото: VGDanas / Youtube / printscreen

Во Словенија е објавена снимка од сообраќајна несреќа во градот Велика Горица, на која се гледа како автомобил со голема брзина поминува преку кружен тек, но по „скратен пат“.

Несреќата се случила кога возачот со преголема брзина му пришол на еден од двата кружни тека во градот, при што загубил контрола врз автомобилот и продолжил право, кршејќи ги сообраќајните знаци и своето возило.

За среќа, ударот во „островот“ го успорил автомобилот и со тоа е избегната поголема несреќа. Словенечката полиција апелираше до возачите да не возат пребрзо и да ги почитуваат условите и сигнализацијата на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот