Автомобил вози по велосипедска патека на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје / Фото: 24инфо.мк

ВИДЕО: Возач јури со автомобил на велосипедска патека на мостот „Гоце Делчев“

Уште една потврда дека сообраќајната култура во Скопје никогаш не била на пониско ниво е забележана денес – на снимка што ја објави порталот „24инфо.мк“, се гледа како возач на автомобил, сакајќи да ја избегне гужвата на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, ладнокрвно вози по велосипедската патека, и тоа со прилично голема брзина.

Автомобилот возеше по патеката и по тротоарот за пешаци, поминувајќи околу нив, речиси до зградата на Владата, каде се приклучи на булеварот „Илинден“ – пред десетици други возачи што чекаа на мостот, очигледно мислејќи дека е попаметен од сите нив.

Полицијата не можеше да се забележи на оваа сообраќајна точка, една од најкритичните во Скопје во утринските и попладневните метежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот