ВИДЕО | Војната од Блискиот Исток се префрли и во Њујорк: Жестоки судири меѓу поддржувачите на Палестинците и Евреите

Фото: Принтскрин

Иако Израел и Хамас се сложија околу прекинот на огнот во Газа, тензиите и конфликтите меѓу израелската полиција и демонстрантите на Западниот брег не престануваат, а тензично беше денеска и во Њујорк, каде има една од најголемите еврејски заедници во САД. Наводно таму избиле судири меѓу Палестинците и нивните поддржувачи од една страна и Евреите од другата страна, заради што морала да интервенира и полицијата.

На социјалните мрежи се појавија повеќе снимки од насилството на улиците во Њујорк меѓу поддржувачите на Палестинците и членовите на еврејската заедница.

Ова е втор ден како се одржуваат протести во градот, откако вчера имало прво провокации, а потоа и антисемитски пораки, заради што полицијата интервенирала и неколку учесници од двете страни биле уапсени.

Провокациите и вербалните навреди од двете страни ескалирале во насилство, прво преку физичко пресметување, а потоа и со фрлање на запаливи бомби.

Најопасна ситуација имало на 47-та улица, каде пропалестинските поддржувачи ги нападнале Евреите и на нив фрлале запаливи бомби.

Во еден од рестораните во градот, пропалестинските поддржувачи ги нападнале и гостите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот