ВИДЕО | Во живо од Букурешт со единствениот Македонец кој не пропуштил ниту еден натпревар на македонската репрезентација!

Слободен печат успеа да стапи во контакт со Мирослав Поповски, единствениот македонец кој не пропуштил ниту еден натпревар на македонските репрезентации во ниту еден спорт. Така и овојпат, Мики е во Букурешт, заедно со уште 3000-4000 Македонци, кои од трибините ќе навиваат за историски најзначајниот натпревар на нашите фудбалери.

Победата на натпреварот со Австрија, според Мики, ни ја одземаа „судиите“, а овојпат, тој очекува да победиме, бидејќи, како што вели, со ваква поддршка од навивачи, и доколку сакаме да продолжиме во наредната фаза, немаме друга опција.

Доколку името Мирослав Поповски не ви звучи познато, ви препорачуваме да ја прочитате неговата животна приказна на следниот линк:

Единствен Македонец кој ги посетил сите првенства на македонската репрезентација, ги има сите албуми на „Панини“, има над 1500 пивски шишиња од цел свет…Боем, супертатко, пак е „сингл“ ама верува во трета среќа

Во продолжение, проследете го разговорот со Мики и атмосферата во Букурешт:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот