(ВИДЕО) Во Тирана уапсен 61-годишниот измамник од Јужна Кореја

принт скрин, полиција тирана

Шеесет и едногодишен маж од Јужна Кореја по кој се трагаше е уапсен од полицијата во Тирана. Човекот од Јужна Кореја се барал откако судот во Сеул го осудил за измама.

Граѓанинот С.М., 61 година, заедно со уште неколку лица изградил пирамидална шема на меѓународно ниво. Тие измамиле 2.156 граѓани со штета која достигнува и до 28.000.000 евра.

Како резултат на акцијата, FAST Albania, во соработка со граничната полиција Ринас и локалната полициска управа во Тирана, во близина на аеродромот во Ринас, човекот е уапсен и спремен за екстрадиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот