ВИДЕO: Во Ростов луѓе панично бегаат низ улиците, по силните експлозии и истрели

Фото: Твитер

На социјалните мрежи се споделуваат и видеа како уплашени жители на Ростов на Дон по неколкуте истрели и експлозии по влегувањето на платеничката група „Вагнер“ панично бегаат.

Во штабот на Јужниот воен округ во Ростов на Дон, кој бил опколен од борците на групата Вагнер, се слушнала силна експлозија.

Очевидци јавуваат и за неколку истрели во воздух од автоматско оружје.

Но, од друга страна на социјалните мрежи се споделуваат и видеа како локалното население во областите каде се влезени платениците на групата Вагнер ги пречекува платениците љубезно давајќи им бесплатна храна и вода.

„Цивилите во Ростов на војниците на Вагнер им носат храна и вода.Изгледа дека се уморни од режимот на Путин“, стои во објавата

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин пак изјави дека неговите борци ја презеле контролата врз штабот на Јужниот воен округ на Русија во Ростов на Дон без испукан куршум.

Од друга страна, тој тврди дека врз неговите луѓе било пукано од артилерија и хеликоптери на патот кон Ростов. Пригожин во аудио пораката изјави оти верува дека има поддршка од рускиот народ за, како што го нарече „маршот на правдата“.

МНР: Граѓаните да не патуваат во Русија, а оние кои имаат можност да ја напуштат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот