ВИДЕО: Во петок нов протест за модуларната болница во Тетово, ќе се бара ново обвинение за трагедијата

Фото: Слободен печат

Овој петок на 8 септември на датумот кога во 2021 година се случи катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 луѓе ќе има нов протест пред Основниот суд во Тетово. Протестот го организараат семејствата на загинатите, а ќе започне од местото каде беше поставена модуларната во кругот на Клиничката болница Тетово. Потоа истиот ќе продолжи со протестен марш се до тетовскиот суд.

Од Семејствата на загинатите, велат дека нема да се откажат од ваквите чекори, се додека надлежните не покренат ново обвинение за трагедијата, во кое како што велат ќе бидат обвинети вистинските луѓе.

Преставници на семејствата денеска во СВР Тетово го пријавија протестот и протестниот марш.

„Ние како семесјтва очекуваме ново обвинение. Од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен. Како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент,изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за пожарот во модуларната болница Тетово. Две условни казни и една ослободителна пресуда беше епилогот од судењето против поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата во Тетово, Артан Етеми и одговорниот за ковид центарот. Докторот Бобан Вучевски беше ослободен од обвинението а болницата е задолжена да плати штета од еден милион денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот