ВИДЕО: Во авионска несреќа загина парагвајски политичар и уште три лица, авионот паднал при полетување

Фото: Твитер

Валтер Маркс парагвајскиот политичар, претставник на владејачката партија Колорадо и уште три лица загинаа во авионска несреќа. Авионот паднал и се запалил веднаш по неговото полетување на околу 180 километри од Асунсион.

„Авионот се урна веднаш по полетувањето, на околу 200 километри од градот Асунсион. Во несреќата загинале претставник на владејачката партија Колорадо и тројца мажи кои биле дел од неговиот тим“, се наведува во полицискиот извештај.

„Добив тажна вест за смртта на нашиот колега, пријател и брат Волтер Хармс“, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот на Парагвај Педро Алијано.

На снимката која кружи се гледаат остатоците од леталото како горат во полето каде се урнал авионот.

Според првичните податоци, авионот удрил во дрво при полетување, што довело до пожар и брз пад на леталото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот