ВИДЕО | Влаховиќ повторно погоди, но Јувентус не го победи Емполи

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Екипата на Емполи приреди изненадување во рамки од 22. коло од Серија А и остана непоразен на гости кај Јувентус (1:1).

Изненадувањето беше најавено уште во 18-тата минута кога напаѓачот на домаќините Аркадиуш Милик заработи директен црвен картон по еден груб старт.

Имаше иницијатива Јувентус и покрај црвениот картон, но и Емполи знаеше да се закани кон голот на Шчесни. Сепак, до паузата немаше погодоци.

По пет минути игра во вториот дел Душан Влаховиќ уште еднаш ја потврди одличната форма и донесе водство за фаворитот. Но, тој гол не беше доволен за три бода на „старата дама“ бидејќи Балданзи со одличен удар надвор од шеснаесетникот на 20-тина минути до крајот погоди за 1:1.

Со овој бод Јувентус дојде до 53 на лидерската позиција, Интер е второпласиран со 51, но „нероаѕурите“ имаат и два натпревари помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот