ВИДЕО | Вистинска драма во авион над Шпанија кој поминал низ силна бура

Авион низ бура илустрација / Фото: Sergio Torres Baus / Alamy / Alamy / Profimedia

На социјалните мрежи беше објавена снимка од авион кој летајќи од Аликанте кон Мајорка налетал на силна бура која предизвикала непријатни турбуленции.

Патниците врескале и плачеле на летот кој на крајот успешно слетал во неделата на 27 август, пишува „Индепендент“.

Видеото од инцидентот го снимила шпанската танчерка и акробат, Естела Ортс.

Таа стравувала дека тоа е „крајот“. Во објава на социјалните мрежи таа додала дека авионот се тресел и пропаѓал, а луѓето врескале, плачеле и повраќале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот