ВИДЕО | Виљареал ги шокираше „кралевите“ на „Бернабеу“, Барса има шанса за „плус 15“

Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Виљареал вечерва приреди изненадување во шпанската Ла Лига и на гостински терен го победи Реал Мадрид со 2:3.

Не изгледаше дека Реал ќе има проблеми кога по 16 минути игра, Торес си постигна автогол. Сепак, тој гол не го откажа одличниот Виљареал кој во 39-тата минута го изедначи резултатот.

Само што започна второто полувреме, Винисисус Жуниор во 48-та минута донесе ново водство за „кралевите“. Продолжи Виљареал со добрата игра и по тој гол на домаќините, па Моралес на 20-тина минути до крајот одново донесе изедначување за „жолтата подморница“.

Десет минути подоцна Чуквуезе го постигна својот втор гол на натпреварот за голема победа на Виљареал и важни три бода во битката за место на позициите кои водат во Лигата на шампионите. Виљареал во овој момент е петти на табелата со четири бода помалку од Реал Сосиедад.

Овој пораз на Реал е прилика за Барселона со победа над Жирона во понеденлник да дојде до огромни 15 бодови предност на врвот на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот