ВИДЕО | Венбанјама со дабл-дабл го сруши Феникс

Фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Новата млада ѕвезда во НБА лигата, Виктор Вембанјама го предводеше тимот на Сан Антонио до победа против Феникс со 121:132. Со одличниот настап 19-годишниот кошаркар ги засени Девин Букер и Кевин Дурант.

Од самиот старт Спарси го преземаа водството кое го имаа преку целиот меч, во еден момент водеа и со 27 разлика, но сепак пред крајот Феникс изедначи на 116:116. Но, сили за некаков пресврт немаа, па Сан Антонио до крајот одново беше подобриот тим на паркетот.

Францускиот кошаркар натпреварот го заврши со дабл-дабл од 38 пеони и 10 скока, Букер исто така беше солиден со 31 поен и 13 асистенции. Дурант запиша 28 поени кои не беа доволни за успех на неговиот тим.

За Спарс ова беше нивна втора победа против Феникс во само три дена.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Торонто 114-99

Њу Орлеанс – Детроит 125-116

Јута – Орландо 113-115

Феникс – Сан Антонио 121-132

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот