ВИДЕО | Уште еден трипл-дабл за Јокиќ, Вембањама испиша историја во поразот на Сан Антонио

Фото: Denver Nuggets

По серијата од три порази тимот на Денвер конечно успеаа да врзе и две победи во НБА лигата. Изминатата вечер на гости Јокиќ и друштвото беа подобри од Портланд со 127:119. Во овој момент Денвер е на скор од 38:19 со што направи исчекор на врвот на Западната конференција.

Никола Јокиќ одново беше главен на теренот и стигна до нов трипл-дабл од 29 поени, 15 скока и 14 асистенции. Поентерски поефикасен од него беше Портер кој уфрли 34 поени и додаде 12 скока, додека на спротивната страна Грант постигна 25 поени.

Сан Антонио претрпе пораз и на десеттиот од последните 11 натпревари. Сега Лејкерс беа подобри од нив 118:123. Овој натпревар ќе го памети Виктор Вембањама. Младата НБА ѕвезда успеа да стане најмладиот кошаркар во НБА кој имал најмалку пет поени, скокови, асистенции, блокади и украдени топки. Натпреварот Вембањама го заврши со дабл-дабл од 27 поени, 10 скока и осум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Торонто 121-123, Филаделфија – Кливленд 104-97, Хјустон – Феникс 114-110, Мемфис – ЛА Клиперс 95-101, Њу Орлеанс – Мајами 95-106, Оклахома – Вашингтон 147-106, Голден стејт – Шарлот 97-84, Минесота – Милвоки 107-112, Портланд – Денвер 112-127, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123-118.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот