ВИДЕО: Унион Берлин успеа да му откине бод на Баерн
Европскиот и германски шампион Баерн Минхен „се лизна“ на гостувањето кај Унион Берлин играјќи 1:1 во 11. коло од Бунделигата.
Уште на самиот почеток на натпреварот баварците доживеаја шок, капитенот на Унион Берлин, Тримел изведе корнер на првата статива каде беше Промел и со удар со глава го изненади Мануел Ноер.
Во продолжение од првото полувреме, домашните фудбалери играа одлично, не се исплашија од противникот и создадоа неколку шанси преку Таиво Авоноџи но не успеаја да постигнат уште еден гол. Заканите на Баерн доашаа од Гнабри но без ефект.
Така беше се до 67. минута кога по одличниот продор на Кингсли Коман по левата страна одлично му асистираше на Роберт Левандовски на кого не му беше тешко да го измрани разилтатот.
И со ремито, Баерн Минхен остана лидер на табелата со 24 бода колку што има и Лајпциг, но доколку Баер Леверкузен утре слави тогаш „фармацевтите“ ќе бидат на чело на табелата.