ВИДЕО | Tрипл-дабл на Дончиќ во победата на Далас, дабл-дабл за Јокиќ

Фото: Dallas Mavericks

Tимот на Денвер дојде до четвртата победа во низа откако изминатата ноќ го победија Шарлот на гостински терен со 102:95 за кого тоа беше седми пораз во низа.

Победникот на натпреварот беше решен во третата четвртина, период кој тимот од Колорадо го доби со 30:9. Повторно лидер на Денвер беше Никола Јокиќ кој со учинок од 18 поени, 10 скока и девет асистенции одново дојде на чекор од трипл-дабл.

Ако Јокиќ не успеа, до трипл-дабл стигна Лука Дончиќ кој го водеше Далас до победа против Сан Антонио од 144:119. Словенечкиот кошаркар натпреварот го заврши со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции. Во овој момент Дончиќ е на само 11 поени од границата од 10.000 поени во кариерата. Треба да се каже и дека кај Спарси не настапи Виктор Вембањама поради повреда.

Детроит продолжи да реди порази, а сега подобар од нив беше Бруклин со 115:125. Ова за кошаркарите на Детроит беше 26. пораз во низа.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – Милвоки 111-130, ЛА Клиперс – Бостон 108-145, Индијана – Орландо 110-117, Њу Орлеанс – Хјустон 104-106, Атланта – Мемфис 119-125, Бруклин – Детроит 125-115, Торонто – Јута 119-126, Шарлот – Денвер 95-102, Чикаго – Кливленд 95-109, Далас – С. Антонио 144-119, Оклахома – ЛА Лејкерс 120-129, Голден Стејт – Портланд 126-106, Сакраменто – Минесота 98-110.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот