donald tramp
Доналд Трамп/ EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

ВИДЕО | Трамп: Војната во Газа заврши, постигнат е вечен мир

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека размена на затвореници меѓу милитантната група Хамас и Израел ќе се одржи в понеделник или вторник, додавајќи дека војната во Газа е завршена и дека е постигнат траен мир, објави Скај Њуз.

„Ја завршивме војната и во многу поголем обем воспоставивме мир и мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир“, рече Трамп.

Во исто време, Трамп им се заблагодари на Катар, Египет и на Турција за нивното посредништво и учество во мировните преговори и најави обнова на Газа.

„Мислам дека ќе видите некои огромни земји како се вклучуваат и инвестираат многу пари“, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот