ВИДЕО | Трагедија на Крит: Огромна карпа падна врз хотел, загина туристка

Фото: neakriti.gr / принтскрин

Една жена го загуби животот, а нејзиниот 10-годишен син е полесно повреден откако во текот на ноќта се одронила огромна карпа и паднала врз хотелот во кој престојувало семејството во туристичкото место Агиа Фотија во близина на Јерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит.

Карпата паднала врз собата од хотелот во која престојувало тричленото семејство, кое според локалните медиуми, денеска го завршувало одморот.

Животот го загуби 45-годишната жена, нејзиниот син е полесно повреден, додека пак мажот, кој е без повреди, бил во делот од собата што останал недопрен од карпата.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека биле ангажирани 50 пожарникари со 20 возила, спасувачки екипи од волонтери и претставници од општините и било извлечено безживотното тело на жената. Акцијата траела над четири часа, а од падот на карпата уништени се уште неколку соби, кои за среќа биле празни.

Според командантот на противпожарната служба на Крит, Јоргос Цикалакис, на полноќ добиле повик за пад на карпата врз хотел по што веднаш почнала акцијата.

-Успеавме да извлечеме повредено, но во добра состојба 10-годишно момче заедно со неговиот татко, а нашите сили се концентрираа во потрагата по исчезнатата сопруга на спасениот, чие тело подоцна беше пронајдено, рече Цикалакис за грчките медиуми.

Хотелот со соби за изнајмување е сместен на падините на планина и во близина на плажата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот