ВИДЕО | Тотовски: Еспорт индустријата финансиски е „потешка“ од музичката и филмската индустрија заедно

Се обидуваме од лоша ситуација да извадиме максимум и да го промовираме еспортот. Свеста беше прилично многу мала и впечаток беше дека овој спорт ставува зависност и дека е лош по здравјето. Но не е така, бидејќи покрај психичките способности ги развиваме и физичките способности на децата кои учествуваат, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ претседателот на Македонската еспорт федерација, Бобан Тотовски.

-Има некој систем како се преминува тоа, после два часа тренинг на комјутер да се стане да се има физичка активност. Во Македонија има осум клубови кои и официјално се членови на македонската еспорт федерација. Во моментов спроведуваме светско првенство – од Америка до Јужна кореја, вели Тотовски.

-Бизнисот во овој спорт и индустрија е огромен. Станува збор за 1,5 милијарди и гејминг индустријата е финансиски повеќе вредна од музичката и филмската индустрија заедно. Предноста е дека сè е дигитално и е достапно низ целиот свет, рече Бобан Тотовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот