ВИДЕО: Торонто во победнички ритам, Јокиќ промаши шут за продолжение

Торонто е во серија од пет победи по ред/ фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Торонто репторс влезе во победнички ритам во НБА лигата, дојде до петтиот триумф по ред, а последна жртва беше Вашингтон кој е совладан со 109:100.
Френ Ванвлит беше најпрецизен до 33 постигнати поени, а О Џеј Ануноби додаде 21 поен. Кај Вашингтон најдобар беше Бредли Бил со 25 постигнати поени. Ова беше шеста победа за Торонто во новата сезона во деветтиот натпревар, додека Вашингтон има скор 5-3.

ЛА Клиперс ја оствари втората победа по ред откако ја совлада Минесота со 126:115. Во отсуство на повредениот Каваи Ленард, прво име кај Клиперси беше Пол Џорџ со 32 поени. Клиперси сега имаат скор од три победи и четири порази.
– Немаме избор, мора да почнеме да победуваме. Работите мора да се променат. Не сме млад тим, па да мораме да чекаме момците да почнаат да играат, туку мора да почнеме да играме веднаш – изјави Џорџ.


Кошаркарите на Денвер нагетс го доживеаја вториот пораз по ред од Мемфис гризлис. Денвер загуби со 108:106, а вистински трагичар е Никола Јокиќ кој го промаши шутот за продолженија во последната секунда.
На три минутидо крајот, Денвер со поените на Јокиќ поведе со 102:104, но Морант и Бејн направија пресврт и на Мемфис му донесоа водство од 107:104. На 22 секунди Јокиќ намали на 107:106 по што Морант погоди едно слободно фрлање. Во последниот напад, Јокиќ го имаше шутот за израмнување, но не беше прецизен. Џарен Џексон постигна 22 поени, Џа Морант даде 18 поени за Мемфис, додека кај Денвер најдобар беше Никола Јокиќ со 34 поени и 11 скокови.


Њујорк никс по добриот старт и петте победи во шест натпревари, го доживеаја вториот пораз по ред. Индијана беше подобра од Њујорк со 111:98.
Мајлс Тарнер ја предводеше Индијана со 25 поени и 13 скокови, а Карис Леверт постигна 21 поен.
Ар Џеј Берет беше најдобар кај Њујорк со 23 поени, а одлична партија прикажа и Џулиус Рендл со 19 поени и 14 скокови.

Бостон селтикс пак ја прекина серијата од три порази по ред откако го совладаа Орландо меџик со 92:79.
Најзаслужен за триумфот беше Џејлен Браун со 28 поени, додека Џејсон Тејтум уфрли 14 поени.

Резултати:
Кливленд – Портланд 107:104
Индијана – Њујорјк 111:98
Орландо – Бостон 79:92
Филаделфија – Чикаго 103:98
Вашингтон – Торонто 100:109
Бруклин – Атланта 117:108
Мемфис – Денвер 108:106
Минесота – ЛА Клиперс 115:126
Сан Антонио – Далас 108:109
Голден Стејт – Шарлот 114:92
Сакраменто – Њу Орлеанс 112:99

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот