ВИДЕО: Тинејџери се изживуваат над скопските тротинети за изнајмување

Фото: Канал 5 / принтскрин

Снимки на кои се гледа како деца на возраст од 13-14 години ги кршат електричните тротинети кои од неодамна можат да се изнајмат во Скопје, објави телевизијата „Канал 5

Непримерното однесување и уништувањето на тротинетите започна во првиот момент кога тие станаа достапни за скопјани, замислени како еколошко и практично средство за градски превоз.

Покрај уништувањето и вандализмот, граѓаните деновиве реагираа и за оставањето на тротинетите расфрлани насекаде – од велосипедски патеки и пешачки премини, до градилишта и приватни дворови.

ФОТО: Веќе почнаа да ги уништуваат електричните тротинети во Скопје, еден заврши во контејнер

Според МВР, деновиве се украдени три тротинети.

„Пријавени се лицата кои го украдоа тротинетот и го ставија во багажник. Може да се забележат нивните ликови на камерите. Се знае и кој ги оштетува затоа што апликацијата ги евидентира корисниците. На крај, по користењето на тротинетот, се слика и испраѓа во системот за да знаеме како е оставено возилото по користењето“, изјави директорот на турската компанија „Бин Бин“, Висар Дурак, за порталот „ММС“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот