ФОТО: Веќе почнаа да ги уништуваат електричните тротинети во Скопје, еден заврши во контејнер

Фото: Твитер

Електричните тротинети кои од минатата недела можат да се изнајмата на повеќе локации во Скопје, не издржаа многу пред вандалите да почнат да ги уништуваат. Фотографии на кои се гледа како еден тротинет завршил во контејнер, друг во канал, а трет останал без екран, беа објавени на социјалните мрежи.

На други фотографии, се гледаат тротинет на кој му е скршен дисплејот, како и еден фрлен во канал во Градскиот парк.

Фото: Твитер
Фото: Твитер

Во текот на викендот, скопските градски електрични тротинети можеа да се видат расфрлани насекаде низ центарот на градот, оставени легнати на улици, на сред тротоар или на влезови на пешачки премини.

За да користат електричен тротинет, граѓаните треба да ја симнат апликацијата, за која баркод има на пунктовите, кои инаку се отстапени од ЈП „Градски паркинг“. Една минута возење чини 9 денари, но доколку преку апликацијата ставите повеќе пари, цената се симнува до 7,3 денари за минута возење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот