ВИДЕО: Супер гол на Дориев за Согдиана во Узбекистан

Фудбалерот на Согдиана, Љупче Дориев/фото: instagram.com/doriev14

Денеска во 17 коло од најсилното фудбалско првенство на Узбекистан составот на Согдиана дома со 2:1 славеше над Навбахор Наманган.

По првото полувреме водеше домашната екипа со погодокот на Мавлонкулов во 16 минута.

Гостите израмнија во 67 минута, а во 81 минута победата на Согдиана ја донесе Љупче Дориев.

Воедно македонскиот репрезентативец предвреме го напушти теренот поради два жолти картони во 87 минута.

На табелата во тамошниот шампионат Согдиана е на деветтото место со 22 бодови, 16 помалку од водечкиот Пахтакор.

Голот на Дориев можете да го погледнете на 05:18 мин. од видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот