ВИДЕО: Супер асистенција на Барди, Трабзонспор со 3:0 го урна Бешикташ

фото: instagram.com/trabzonspor

Во петтото коло од најквалитетната турска фудбалска лига Трабзонспор со 3:0 пред своите навивачи го надигра Бешикташ.

Тоа е веќе трета победа за играчите на тренерот Ненад Бјелица за моментно четврто место на табелата со девет бодови.

Првиот гол домаќините го реализираа во 29 минута преку Пол Ануачу, по прекрасната асистенција на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Нашиот играч беше стартер и настапи до 85 минута на стадионот во Трабзон.

Останатите два погодоци на Трабзонспор беа дело на Анастасиос Бакасетас во 41 минута и Един Вишча во 61 минута по асистенцијата на Трезеге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот