ВИДЕО: Струмица го слави успехот на фудбалерите и својот Гранде Пандев

Со вклучени сирени од автомобилите, развеани македонски знамиња и скандирања „Македонија, Македонија, Горан Пандев, Горан Пандев” родната Струмица на македонскиот капитен ја слави големата победа на македонската фудбалска репрезентација против Грузија и пласманот на Европското првенство.

Граѓани и членови на навивачката група „Ајдуци” се собраа во подземната гаража под плоштадот и крстосницата пред ТЦ„Глобал” и со скандирања и запалени факели го слават историскиот успех на репрезентацијата.

– Ова е голем успех. Еднаш се доживува Македонија да игра на Европско првенство заедно со најквалитетните репрезентации. Досега немавме за кого да навиваме на големите фудбалски собири, но идната година со срце и душа ќе ја бодриме нашата репрезентација и нашиот Пандев, рече еден навивач.
За Југослав Тренчовски, тренер на ФК „Академија Пандев”, чиј сопственик е Горан Пандев, големиот успех на репрезентативците е и негов најрадосен момент во неговата досегашна фудбалска и тренерска кариера.

Нека се радува Македонија, подобро од ова нема. Го имаме Гранде Пандев, го имаме сите херои. Честитки заслужуваат сите и посакувам успех на Европското првенство, рече Тренчовски.
Големата победа ја честиташе и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој меѓу другото напиша:

Нашата струмичка гордост, големиот Горан Пандев, докажа дека во Струмица чука големо фудбалско срце. Заедно со него вечерва чукаа и нашите. Ти благодарам Горане, ви благодарам момци-горди сме на вас, стои во честитката од струмичкиот градоначалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот