ВИДЕО: Србија ја декласираше Доминиканска Република и закажа четвртфинале против Литванија

фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Кошаркарската репрезентација на Србија денеска убедливо ја совлада Доминиканска Република со 112:79 и така обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Најефикасен во редовите на српската селекција беше Богдан Богдановиќ со 20 поени и седум скокови. На спротивната страна се истакна Карл Ентони Таунс кој реализираше 25 поени и имаше седум скокови.

Противник на Србите во четвртфиналето на Мундобаскет 2023 ќе им биде репрезентацијата на Литванија.

Литванците триумфираа со резултат 110:104 против САД што беше прв пораз за Американците на СП.

Прв стрелец за Литванија беше Ваидас Кариниаускас со 15 поени, а за САД недоволна беше одличната партија на Ентони Едвардс кој запиша 35 коша.

Четвртфиналната пресметка меѓу Литванија и Србија е закажана за 5 септември, а истиот ден репрезентацијата на САД за противник ќе ја има Италија.

Мундобаскет 2023

Четвртфинале, двојки –

5 септември
Италија – САД
Литванија – Србија

6 септември
Германија – Летонија
Канада – Словенија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот