ВИДЕО: Спектакл во Ријад, Реал го совлада Атлетико за финале во шпанскиот Суперкуп

фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Го дознавме првиот финалист во шпанскиот Суперкуп чија завршница се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Денеска фудбалерите на Реал Мадрид во еден спектакуларен натпревар во првото полуфинале со 5:3 триумфираа над Атлетико Мадрид.

Уште во шестата минута поведоа „јорганџиите“ со голот на Хермосо, следува пресврт на „кралевите“ со погодоците на Рудигер во 20 и Менди во 29 минута. На пауза се замина со нерешени 2:2 откако Гризман по асистенцијата на де Пол се погрижи за нов егал.

Атлетико повторно водеше од 78 минута по автоголот на Рудигер, но играчите на Карло Анчелоти не се предаваа и постигнаа нов погодок во 85 минута преку Карвахал.

Натпреварот отиде во продолженија, а таму непосредно пред завршувањето на додатните 30 минути, Реал направи нов пресврт кој се покажа како победнички. Савиќ во 116 минута си постигна автогол за 4:3, а во судиското надополнување (120+2`) победата на Реал ја донесе Дијас.

Противник на Реал Мадрид во финалето на 14 јануари ќе биде победникот од дуелот меѓу Барселона и Осасуна кој е закажан за в четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот